Еве со што да ги чистите прозорците, за да не дојде до кондензација
Во текот на зимата, со настапувањето на студеното време, луѓето најчесто се соочуваат со проблемот на појава на кондензација на прозорците. Во продолжение откријте како лесно да го спречите ова.
Како да ги заштитите прозорците и да ја спречите појавата на кондензација?
Метод бр. 1
Растворете 1 супена лажица сол во 4 литри топла вода. При чистењето, внимателно нанесете ја смесата врз прозорците, за да не го оштетите стаклото во случај да останале нерастворени зрна сол.
Метод бр. 2
По миење на прозорците, употребете стуткан весник за нивното полирање. Типографската боја има својство за одбивање на водата, при што на овој начин ќе ја спречи и појавата на кондензација на прозорците.