Еве зошто е корисно за нашето здравје секојдневно да консумираме домашен сок од компир
Компирот има лековити својства, при што може истиот да се употреби за лекување на разни медицински, како и козметички проблеми.
Дополнително, консумирањето на компири го збогатува организамот со бројни вредни елементи, како јаглехидрати, протеини, витамини Ц и Б6, калиум, железо, магнезиум и цинк.
Токму затоа сокот од свеж компир е корисен за многу заболувања.
Лековити придобивки од сок од компир
- Го зајакнува имунолошкиот систем
- Го прочистува организамот од токсини
- Решава проблеми со кожата
- Помага при гастритис и други стомачни проблеми
- Го намалува нивото на шеќер во крвта
- Ја подобрува функцијата на црниот дроб и бубрезите
- При кардиоваскуларни заболувања
- При анемија
- Ја ублажува болката предизвикана од артритис
- Ефикасен е при опстипација
Сокот од компир има моќно и ефикасно дејство кое помага при гастритис и чир на желудникот.
Затоа се препорачува да се консумира по 1 супена лажица разреден сок од компир со мало количество на вода, половина час пред трите дневни оброци.
Сокот од компир има и прочистувачки ефект што го прави одличен за прочистување на црниот дроб и бубрезите. За да се постигне оваа цел, се препорачува да се консумира сок добиен од 200 гр свежи компири, половина час пред секој од трите дневни оброци.