Еве зошто не треба да трчаме со мобилниот телефон во рака
Без разлика дали станува збор за слушање музика или следење на поторшените калории, преку апликаација, денес е сосема вообичаено луѓето да вежбаат со паметниот телефон во рака.
Но, оваа навика може да биде штетна за крајните резултати кои се обидуваме да ги оствариме, како и на нашето тело.
„Без разлика дали станува збор за мобилен телефон, шише со вода, клуч, маица или нешто друго, кога трчате со предмет во рацете, вашето тело се однесува поинаку отколку кога не држите ништо“, вели Тод Лиубинска, уредник на фитнес списание за мажи.
Просечниот паметен телефон тежи неколку стотици грама. Иако тоа не изгледа како многу, дури и малата нерамнотежа во прераспределбата на тежината при трчање може да има негативни ефекти.
„Кога трчате, целта е да одржувате постојано темпо. Еднаква тежина и дистрибуција на динамика овозможуваат повеќе рамномерна активност. Кога имате нешто во рака, тоа предизвикува асиметрија во стилот на трчање на кој сте навикнале.“- објаснува Лиубинска.
Раката во која имате посебен предмет ќе биде потешка и вашето тело ќе се обиде да ја надомести нерамнотежата работејќи посилно на одредени мускули. Ова може да доведе до преоптеретеност и повреди, особено на рамената, колковите и колената.
Решението? Оставете ги сите непотребни предмети дома или во автомобилот, вклучително и вашиот телефон. Вежбајте заедно со партнерот или вашето друштво, односно разговарајте наместо да гледате во вашиот мобилен телефон. Или инвестирајте ги вашите пари во ремен на кој ќе може да го прикачите паметниот уред.