Еве зошто стјуардесите ги држат рацете поставени зад грбот, при крајот од слетувањето
Можеби сте забележале дека за време на слетувањето на авионот, стјуардесите ги држат рацете поставени зад нивниот грб. Истото се случува и кога минуваат покрај самите седишта.
На прв поглед изгледа како да се обидуваат да сокријат нешто од патниците, но американски пилот открива дека всушност екипажот практикува специјална техника за броење на патниците во авионот.
Техниката се состои во употребување на т.н мини-кликер, кој наликува на хронометар, но има само 1 копче. Со секое притискање на копчето, се брои по 1 патник.
Кога сите патници ќе се качат во авионот, стјуардесите повторно поминуваат покрај седиштата и за да го споредат бројот на патници покажан на екранот со реалната бројка, за да не заборават никого.
Причината зошто стјуардесите го кријат уредот зад нивниот грб е многу едноставна. На овој начин, тие избегнуваат да ги загрижуваат патниците и воедно иститие нема да се чувствуваат како предмет кој треба да се изброи.