Еве зошто треба да започете да поставувате по 1 таблета активен јаглен во растенијата во вашиот дом
Денес речиси во секој дом, заедно со аспирин и други лекарства, лесно може да се најде и активен јаглен. Црните таблети се одлични лекување на труење со храна, за козметички цели, па дури и слабеење.
Во оваа статија ви откриваме како ова евтино и едноставно средство може да ви помогне за нега на вашите домашни растенија, да ги направи здрави и да го стимулира нивниот раст.
Како да го употребите активниот јаглен за растенијата
1. Подобрување на квалитетот на почвата
Истолчете неколку таблети активен јаглен и додадете го правот директно врз корените, стеблата и листовите на растението, воедно и почвата за да ја намалите киселоста и соленоста на истата, правејќи ја неутрална. Активниот јаглен ефикасно ќе ги апсорбира штетните хемикалии, вишокот течност и тешките метали од почвата.
2. Вкоренување на стебла
Стеблата ќе се вкоренат одлично и нема да гнијат, доколку при вкоренувањето додадете 2 таблети активен јаглен растворени во вода.
3. Борба против габички и мувла
Јагленот ефикасно ги елиминира габичките уште на самиот почеток од нивниот развој, при што треба да дејствувате брзо, за да го спасите вашето растение. Едноставно отстранете го мувлосаниот слој од почвата, а потоа нанесете јаглен во прав врз истата. По 3 дена отстранете го и овој слој и нанесете нов слој од јаглен.
4. Потхранување на растенијата
Домашните билки многу подобро ќе започнат да растат и да цветаат, доколку се хранат со активен јаглен. Поделете 2 таблети на 4 делови и поставете ги во почвата, на длабочина од 3-4 центиметри.
5. Превенција од лисни вошки
Нанесете врз почвата дебел слој од активен јаглен во прав. Тоа ќе помогне да се елиминираат сите видови на штетници и ќе го спречи нивното понатамошно размножување.