„Еве зошто започнав да ставам по 1 лажица сода бикарбона во делот за прашок, во машината за перење“
Хигиената во домот секогаш треба да биде редовно одржувана, а машината за перење не е исклучок од ова правило. Истата треба секогаш да биде проветрена, по секое перење, а филтрите исчистени.
Чистењето на машината е неопходно бидејќи факт е дека водата не ги мие целосно прашокот и омекнувачот од уредот, а остатоците од истите се наталожуваат во масни наслаги, кои со текот на времето може само значително да ја намалат функционалноста на машината.
Како ефикасно да ја исчистите машината за перење?
За нејзино ефикасно чистење ќе ви бидат потребни сапун за перење, сода бикарбона и хидроген.
Исипете 50 мл хидроген во пластичен сад, а потоа додадете 3 супени лажици сода бикарбона. Изрендајте фино парче сапун со нож и додадете го кон останатите состојки.
Добро измешајте ги сите состојки заедно, до целосно растворање на сапунот и формирање на густа пена.
Извадете го делот во кој се додава прашокот и омекнувачот и поставете го во соодветен сад, а потоа целата негова површина додадете ја претходно добиената смеса, односно пена. Најмногу внимание обратете на пожолтените делови.
По половина час ќе можете брзо и лесно да ги исчистите делот од сите замастени и пожолтени дамки.