Европски град изгради футуристички „портал“ кон друга земја со цел да им помогне на луѓето да останат поврзани едни со други
Градот Вилнус, во Литванија, го постави порталот покрај главната железничка станица на 26 Мај, дозволувајќи им на жителите на градот да остварат контакт со жителите на градот Лублин, Полска.
Друг сличен портал е инсталиран на централниот плоштад во Лублин, овозможувајќи им на сите оние кои го користат да комуницираат со луѓето од Вилнус. Двата портали изгледаат на виртуелна кружна „врата“, составена од голем екран и камери преку кои се пренесуваат слики во живо меѓу градовите.
Овој проект, кој се подготвуваше веќе пет години, има за цел да создаде „визуелен мост“, што ќе ги зближи луѓето од различни култури со акцент на единството.
Порталот е изграден од инженери од центарот за креативност и иновации Вилнус Тех.
Обликот на кругот, кој не потсетува на научно-фантастичните филмови, има за цел да личи на „тркалото на времето“, овозможувајќи им на корисниците да ја искусат реалноста од другата страна.