Фантастичниот вкусен пудинг со чиа, благодарение на кој ќе ги стопите килограмите до пролетта и ќе имате енергија во секое време
Чиа семињата одмна се познати и популарни меѓу приврзаниците на здравиот живот и начин на исхрана, благодарение на нивните чудесни својства, што ги прави извонредни за нашето здравје.
Со нивниот богат состав на омега-3 и омега-6 масни киселини, протеини, хранливи влакна, магнезиум и фосфор, а нивната употреба се препорачува за превенција од заболувања на кардиоваскуларниот систем, канцерогени заболувања и дијабетес, воедно тие се идеалната состојка доколку сакате брзо и ефикасно да се ослободите од вишокот килограми.
Токму за оваа цел, денес ви претставуваме рецепт за вкусен пудниг со чиа, кој е одличен додаток за совршеното диетално мени.
Вкусен пудинг од банана и чиа
Потребни состојки
- 1 супена лажица чиа семе
- 75 мл млеко
- 1 кафена лажица какао
- 1 банана
- Мусли по вкус
- Мед и цимет по вкус
Начин на подготовка
Измешајте ги чиа семињата со млекото и добиената смеса складирајте ја во ладилникот да отстои 4 часа. Следно, изгмечете ја бананата со вилушка или со пасатор, а потоа додадете ги циметот и какаото кон пудингот.
Наредете го десертот по слоеви, најпрво чиа пудингот, па пирето од бананата, а на крај повторно додадете од пудингот и завршете со мусли и мед.