Доколку немате мотивација за вежбање, можеби токму ѕвездите може да ви помогнат да ги остварите вашите цели. Наместо да губите време пробувајќи спорт што воопшто не ви одговара, проучете го вашиот фитнес хороскоп.

Според астролозите, еве кој спорт најмногу му одговара на секој хороскопски знак:

1. Овен

Силниот карактер и натпреварувачки дух се само дел од нивните квалитети. Овните се бестрашни авантуристи, храбри, секогаш подготвени за акција, притоа и оптимисти, кои исто така имаат и доза на сокриена агресија во нив. Поради сите овие карактерни особини, спортот како боксот или која било друга боречка вештина се идеални за нив.

2. Бик

Биковите се познати по нивната издржливост и упорност, а кога станува збор за промените, тие бегаат подалеку од драстичните решенија и претпочитаат постепено да дојдат до посакуваните резултати.

Се надеваме дека веќе имате квалитетни патики за трчање во вашата колекција бидејќи токму ова е идеалниот спорт за вас.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

3. Близнаци

На разиграните Близнаци им здосадува многу брзо сè што прават, па затоа сметаат дека монотонијата е нивниот најголем непријател.

За нив карактеристичен е фактот што најдобро функционираат во тим, па затоа вашиот спорт треба да го барат во тимската работа каква што има во одбојката, ракометот, фудбалот или кошарката.

4. Рак

Раковите не сакаат да бидат изложени, а уште помалку сакаат кога некој јавно ги критикува. Затоа тие се срамат од групниот тренинг или спортот што вклучува натпревари, односно претпочитаат вежбање во затворен простор, по можност во комфор зоната на нивниот дом. Затоа, не е изненадувачки што овие личности најчесто избираат да прават домашни вежби од Јутуб.

5. Лав

За разлика од Раковите, Лавовите обожаваат да бидат во центарот на вниманието и да се натпреваруваат. Тие секогаш се во потрага по нови авантури и предизвици, а нивните главни карактерни црти се бестрашноста и креативноста.

Покрај спортот како трчањето, каде што можат да се наметнат како најбрзи, тренингот за крос-тренинг е одличен избор за нив.

6. Девица

Девиците сакаат дисциплина, така што ќе се чувствуваат најдобро ако се придружат кон целосно испланиран тренинг. Пилатесот е одличен избор, а за оние што бараат повеќе предизвици, приватните тренинзи во сала би биле идеални.

7. Вага

Овој хороскопски знак е специфичен за вечна потрага по рамнотежа. Добро претпоставивте, јогата е идеална за нив.

8. Скорпија

Храбра, тврдоглава и упорена. За да бидат целосно задоволни, претставниците на овој хороскопски знак треба да тренираат спортови преку кои секогаш ќе воспостават нови предизвици пред нив, како што се боречки вештини и адреналински спортови, а можеби ќе бидат воодушевени да пробаат и танцување, односно фитнес на шипка.

9. Стрелец

Тие претпочитаат да патуваат и да поминуваат време на свеж воздух. Ова е причината зошто пешачењето, скијањето или велосипедизмот се најдобри форми на вежбање за овој хороскопски знак.

10. Јарец

Нивната челична волја и посветеност на резултатите ќе бидат најизразени за време на тренинг со висок интензитет.

11. Водолија

Одлични во социјализирањето, Водолиите сакаат да бидат опкружени со луѓе, па затоа не е изненадување што единствената работа што тие ја очекуваат од вежбање е дружење и стекнуваее нови пријатели. Значи, какво и да било групно тренирање што ќе изберат, нема да погрешат со сигурност.

12. Риби

Сосема очекувано, претставниците на овој знак се вистински „зависници“ од вода, така што пливањето е совршен спорт за нив. Но, ако им е здодевно, нема погрешат со јогата, која ќе ги окупира ментално и физички и ќе ги зајакне нивното тело и ум.