Форбс ја прогласи најбогатата жена на светот!
Нејзиното богатство се проценува на 49.3 милијарди долари. Дали знаете за која жена станува збор?
Најбогатата жена на светот е 65-годишната наследничка на козметичката империја Лореал, Франсоаз Бетенкор Мејерс. Нејзиното семејство завзема 33% учество во козметичкиот гигант, заедно со брендовите како Ланом и линиите за убавина на Ив Сан Лоран, Џорџо Армани, Биотерм, Урбан Декеј, Хелена Рубинстајн, Гарниер, Мејбелин и многу други.
Американското списание Форбс, богатството на Мејерс го процени на 49.3 милијарди долари, што и овозможи да го завземе 15-то место на листата на најбогати луѓе на планетата.
Претходната година титулата за најбогата жена на светот ја носеше 69-годишната Елис Валтон, ќерка на основачот на американскиот ланец на супермаркети, Волмарт.
Прв на листата на најбогати е основачот Џеф Безос, со богатство од 141.2 милијарди долари.