Кога уметноста ќе се спои со хуманата цел, резултатот остава без зборови. На овој начин воодушевува и следниот уметнички проект.

Енди Велан е фотограф кој својата ќерка Џесика, која боледувала од рак, ја загубил кога таа имала само 4 години, во Ноември, 2016-та година.

Велан сакал да ја покаже реалната слика на светот, како изгледаат тешките последни денови, при што објавил слики од последните моменти од неговата мала ќерка за да покаже што им прави суровата болест на луѓето.

По нејзината смрт, Енди сакал ја продолжи својата задача за кревање на свеста за рак кај децата, за да укаже дека се потребни повеќе медицински истражувања, за да се дојде до најдобри терапии и лекови.

Во 2017-та година, работел на својата прва фото-сесија во соработка со хуманитарната организација “World Child Cancer”, која им помага на децата кои боледуваат од рак и на нивните семејства, особено во земјите во развој.

Сега Енди повторно го зема фотоапаратот во свои раце, овој пат фотографирајќи ги децата од Велика Британија.

Велан сака да види подеднаков третман на сите деца во светот, а еве како изгледа неговиот нов воодушевувачки проект, при кој децата кои исто така се борат со тешката болест, се облекуваат во тоа што би сакале да бидат кога ќе пораснат, доколку имаат шанса.

Иако се облечени како нивните херои, всушност самите деца се вистинските херои!

1. Миша, 5 години: Ковачката Рози

Ковачката Рози културна икона на САД, претставник на американските жени кои работеле во фабрики за време на Втората светска војна, од кои многумина произведувале муниција и воени резерви.

2. Аријана, 5 години и Калум, 6 години: Џеки и Џон Кенеди

3. Ратха, 9 години: Емелин Панкхурст

Емелин Панкхурст била британска политичка активистка која се борела за правата на жените и им овозможила да гласаат на изборите.

4. Аша, 6 години: Фрида Кало

Фрида Кало била истакната мексиканска сликарка, најпозната по нејзините автопортрети.

5. Ева, 2 години: Одри Хепбурн

6. Амбер, 3 години: Флоренс Најтингејл

Флоренс Најтингејл е основач на современата медицина. Истовремено, се залагала за социјалните реформи и била познат статистичар.

7. Нагатендве, 10 години и Марли, 9 години: Мишел и Барак Обама

8. Елизабет, 4 години: Амелија Ерхарт

Амелија Ерхарт била американски пионер во авијацијата и автор.