Фотограф од Најроби претвори пар, бездомници во прекрасни модели
Талентираниот фотограф од Најроби, Кенија, кој работи под името Мукири Фрејмс, неодамна направи инспиративна фотосесија која покажа дека љубовта е чиста и безусловна во својата наједноставна форма. Заедно со неговиот тим, тие одлучија да направат нешто посебно за Денот на вљубените. И тогаш го запознале Семи, исто така познат како Блеки, во парковите на Најроби, кој веќе некое време живее на улиците.
Кога го прашале дали некогаш бил заљубен, Семи почнал да ја опишува неговата девојка и одеднаш се појавила искра во неговите очи. Тие се запознале на улиците на Најроби, каде што и двајцата живееле и нивното пријателство наскоро прераснало во инспиративна љубовна приказна.
Фотографот одлучил да им направи неверојатна трансформација за да го прослават нивниот посебен однос на специјалниот ден.
„Под инспирација за љубовта во наједноставен облик, го славевме Валентин со овие неверојатни души и добивме одлични сведоштва. Навистина, под сета нечистотија, стара облека и нејасен говор таму се кријат убави поединци кои би напредувале како и сите ние, ако им ги понудивме можностите. Љубовта не врши дискриминација, ова е доказ.“, пишува фотографот на неговата веб-страна.