Фотограф прави неверојатно мистериозни фотографии од напуштени објекти низ Европа
Матијас Хакер е германски фотограф и студент по компјутерски науки кој ја открил својата страст за фотографирање пред околу 10 години. Оттогаш тој патува низ Европа за да ја долови убавината на напуштените згради. Местата што ги фотографира се разликуваат, почнувајќи стари базени до кинотеки, каде што луѓето дозволиле природата да ја преземе работата во свои раце уште одамна.
Овие места обично се полни со габи, мувла, растенија, пајакови мрежи, змии и други животни кои не звучат толку добро, но уметникот ги смета за посебни. Она што исто така ги прави неговите дела толку уникатни е тоа што тој не ја кажува локацијата, велејќи дека сликите се направени „некаде во Европа“. Тој го прави ова за да не дојде до кражби и вандализам откако ќе биде откриена точната локација.