Фотографии од Мерлин Монро, пред да стане позната
Норма Џин Мортенсон, како што е вистинското име на Мерлин Монро, имала доста тешко детство. Постојано била преместувана од еден дом во друг, била силувана и дури почнала да пелтечи. Се омажила на само 16 години, но бракот не и донел среќа. Сето тоа се променило во 1944 година, кога Монро почнала да работи во воена фабрика, каде била претставена на фотограф од американската армија. Така таа станала модел, а подоцна се здобила со договори за филмови. Наскоро Мерлин станува една од најголемите ѕвезди на Холивуд и ја препознаваат насекаде. Таа е вечна икона на популарната култура и вечен секс симбол. Погледнете како изгледала Норма Џин Мортенсон, пред да се претвори во Мерлин Монро.