Фотографка ја покажува специјалната врска помеѓу татковците и нивните деца, која таа никогаш не ја имала
Фотографката Габриела Дабасинскаите израснала без татко и решила да ги претстави чувствата на татковството преку нејзините емотивни фотографии. „Едвај се сеќавам на татко ми. Мојата сестра близначка и јас имавме само 6 години кога го изгубивме. Тој беше убиен. Бев премногу млада за да разберам тогаш, сѐ уште имам сеќавање во мојата глава на него, како лежи во гробот, со затворени очи. Немав солзи или стравови тој ден. Премногу млади за да разбереме дека го загубивме засекогаш.“, вели Габриела.
Во нејзините фотографии може да се види целата палета на емоции кои ги носи родителството.