Гел лакот со себе крие и една голема опасност, која жените не треба да ја занемаруваат, предупредуваат експертите
Доколку сте и вие една од дамите која не може секојдневието да си го замисли без гел-лак и вештачки нокти, тогаш потребно е да го прочитате следното.
Според Д-р Раул Ривера Маркес, онколог при мексиканскиот Институт за социјално осигурување, прекумерената изложеност на ноктите на ултравиолетови зраци, кои вообичаено се користат за зацврстување на гел-лакот, може да поттикнат т.е да предизвикаат образување на канцерогени клетки.
Според експертите, дамите може да се соочат со појава на рак на кожата, доколку не ги презеле потребните мерки на претпазливост. Затоа, доколку никако не можете да се откажете од вашите омилени гелни и вештачки нокти, тогаш експертите ве советуваат да правите долги паузи меѓу одделните третмани.
Како надополнување на овој корисен совет, Д-р Ривера препорачува да користите крема за раце со заштитен фактор 30, половина час пред да ви биде нанесе гел-лакот врз вашите нокти.
Зошто гел-лакот и вештачките нокти може да предизвикаат рак?
„Ракот на кожата е најчесто застапениот во однос на другите видови на рак поради постојаната изложеноста на сончеви и ултравиолетови зраци, како и недостатокот од соодветна заштита. Статистички, на годишно ниво, овој облик на рак се открива кај 16.000 нови пациенти.“- вели онкологот.
Истакнатиот лекар вели дека најпрво сака да ги смири дамите, бидејќи статистиката не значи дека сите жени, кои постојано носат гел-лак на ноктите ќе се соочат со рак, бидејќи за појавата на оваа болест влијаат и многу други фактори како возраста, бојата на кожата. Едноставно тој советува, следниот пат жените кога ќе посакаат да си направат третман, претходно да ги преземат соодветните заштитни мерки.