Генијален бабински трик за неверојатно бели крпи: За секунда не останува ниту траг од масните и дамките од кафе!
Неверојатно белите крпи секогаш се најдобриот и најсвеж декоративен елемент во домот, а со овој трик, кој е постар од самите нас, нивното перење до беспрекорен изглед веќе нема да ви претставува проблем!
Како најефикасно да ги избелите крпите
Ќе ви биде потребно
- Кофа со вода
- 2 супени лажици сончогледово масло
- 2 супени лажици белило во прав
- Половина чаша од било каков прашок за перење алишта
- Суви валкани крпи
Што е потребно да направите
- Сварете ја водата во кофата.
- Во топлата вода додадете го маслото, белилото и прашокот за алишта.
- Добро измешајте ги сите состојки, а следно во добиениот раствор поставете ги и валканите масни крпи.
- Кога водата ќе се излади, може да ги извадите крпите и да ги исплакнете, а од здодевните тврдокрони дамки нема да постои ниту траг!