Освен што ќе ги прочистите артериите и ќе го спречите создавањето на калцификати во организмот, овој рецепт е одличен и за здравјето на целото Ваше тело.

Состојки:

-4 лимони со кора
-4 големи главици лук
-1 помало парче корен од ѓумбир (3-4 см)
-2 литри вода

Подготовка:

Откако ќе ги измиете лимоните исечете ги на парчиња. Излупете ги лукот, па заедно со лимонот и ѓумбирот ставете ги во блендер. Добиената смеса истурете ја во подлабок сад. Потоа потребно е да прелиете со 2 литри вода и да ја ставите смесата на оган. Пред да зоврие смесата, тргнете го садот и оставете го да се излади. Откако ќе ја процедите смесата складирајте ја во стаклени шишиња кои ќе ги чувате во фрижидерот.

Секој ден пијте по 100-150 милилитри, најмалку 2 часа пред јадење или на празен стомак. Пред секоја консумација, добро потресете го шишето, бидејќи од стоење ќе се создава талог. Третманот трае 3 недели, а доколку Ви е потребно правете една недела пауза па продолжете со третманот.