„Ги полнам јаболката и ги залевам со тесто- Толку нежен и со смирувачка арома на есента- Уникатниот јаболков колач“
Полнети јаболка или јаболков десерт? Веќе нема потреба да избирате, бидејќи следниот рецепт е фантастична комбинација од овие две варијанти. Печени, меки јаболка, а околку нив неодоливо тесто!
Десерт со полнети јаболка
Потребни состојки
- 9 јаболка (или колку што ќе се соберат во сад со дијаметар 26 цм)
- 50 гр брусница
- 30 гр суво грозје
- 6 јајца
- 225 гр шеќер
- 225 гр брашно
- Прстофат сол
- Цимет по ваш вкус
- Ванилин шеќер
- 5 супени лажици павлака (со 20% масленост)
Начин на подготовка
Покријте го дното и страните на садот со хартија за печење. Истиот е потребно да има дијаметар 26 цм.
Изберете јаболка со средна големина, излупете ја, извадете им ја срцевината и исечете го малку дното, за да јаболката може да стојат исправени. Во шеќерот додадете 2 супени лажици цимет, измешајте и испете по 1 кафена лажица од добиената смеса во секоја од јаболката.
Следно, во секое јаболко додадете по 3-4 брусници и 2-3 суви грозја.
Јаболката се готови.
За сад со големина од 26 цм, ќе ви бидат потребни 6 јајца. Добро изматете ги и потоа без да го исклучувате миксерот, додадете го шеќерот и ванилата. Во добиената смеса, наеднаш додадете го целото брашно и павлаката и добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање мазна текстура.
Залејте ги јаболката во садот, со готовото тесто, порамнете и поставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180°C, во времетраење од 40-45 минути. Печете на 160°C.
Пред сервирање, декорирајте го колачот со нанесување на шеќер во прав измешан со ванила.
Пријатен апетит!