Постојат многу рецепти за пандишпан, но не сите се успешни, кога се обидувате да ги направите. Но, денес ви го претставуваме омилениот рецепт на врвните слаткари- рецепт за гигантски пандишпан!

Гигантски пандишпан

Потребни состојки

  • 6 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 2 гр ванила
  • 130 гр брашно

Начин на подготовка

Внимателно одделете ги белките од жолчките. Измешајте ги жолчките со 100 гр шеќер, а потоа додадете ја и ванилата и добро измешајте ги состојките до добивање на лесна пена.

Измешајте ги белките со миксер, започнувајќи со помала, а потоа со поголема брзина. Без да го исклучувате миксерот, додадете го преостанатиот шеќер и повторно измешајте, до добивање соединета смеса.

Една третина од смесата со белките додадете ја кон жолчките и внимателно измешајте, употребувајќи шпатула.

Пресејте го брашното неколку пати, за да во истото влезе доволно воздух, а потоа истото додадете го кон смесата со жолчките.

Започнете да мешате со шпатула, нагоре и надолу, во една насока, додека постепено ги додавате белките.

Температурата на печење е другиот важен момент: Најсоодветната температура за печење на ваков вид на тесто е 170-180°C, а пандишпанот се пече од 40 до 60 минути.

Поставете го тестото во студен сад и покријте го со перфорирана фолија. Доколку немате ваква фолија, тогаш на обичната фолија направете мали дупки, користејќи чепкалка за заби и со истата покријте го садот за печење.

Вратата на рерната при печењето на овој пандишпан никогаш не се отвара, бидејќи во спротивен случај, тестото нема да ја добие посакуваната форма. Кога времето за печење ќе заврши, отворете ја вратата и така оставете 10 минути.

Потоа извадете го пандишпанот и оставете го во садот, да се излади уште 10 минути, пред да го извадите од истиот.