Го фрлиле беспомошно да лута по парковите, поради неговиот недостаток. Никој не веруваше дека ќе оздрави и ќе почувствува како е да се биде сакан
Често многумина во животот се плашат и го избегнуваат она што им изгледа поразлично од она на кое се навикнати. Следната приказна ги тера луѓето да се замислат и им докажува дека секој има право на среќа- па дури и едно необично маче!
Нашиот херој на денот е роден со многу различности. Четири уши, различно офромена муцка, со неправилен залак, воспалени зглобови. Подоцна и видот започнал да му се влошува. Но, и покрај екстремно тешката состојба, среќата сепак му се насмевнала на ова тажно маче.
Мачето и неговото помало братче биле откриени во парк. Некој безмилосно ги фрлил и ги оставил беспомошните мачиња да умрат.
За среќа, мачињата имале свој ангел-чувар. Хуманата жена по име Џорџи Андерсон, веќе долги години работи на мисија за спасување токму на вакви отфрлени и напуштени мачиња, а веќе спасила повеќе од 80 мачиња.
На уникатното маче му го дала името Френки, притоа веднаш го одвела мачето на ветеринар, каде самите лекари биле шокирани од неговата состојба и немале надеж дека мачето ќе преживее.
Но, малото маче имаше толкава голема желба за живот, што со сите сили ги издржа болките и трпеливо се соочи со сите лекарски третмани и процедури, воедно и бројни операции.
Сега конечно Френки може да се движи и да гледа, иако има само едно око, бидејќи другото лекарите не успеале да го спасат.
По трагичниот и бурен период, конечно мачето почувствувало како е да се биде сакан, откако неговата спасителка Џорџи му ја даде новата шанса за живот!
Френки сега е едно многу среќно и исполнето маче, кое обожава да се дружи и со останатите животни.