„Го пијам навечер, а веќе следното утро е крај со кашлицата! Златниот рецепт со млеко против упорното кашлање“
Млекото е ценет производ кој не може да биде заменет со никоја друга состојка. Како надополнување на неговите хранливи вредности, тоа има и чудесни лековити својства.
Неговиот состав варира во зависност од видот на животното, како и со каква исхрана се храни истото во текот на годината.
Во продолжение, денес ви откриваме како да го употребите млекото против упорната кашлица и брзо да ставите крај на овој непријатен здравствен проблем.
Народен рецепт против кашлица
Потребни состојки
- 1 литар полномасно (се претпочитува домашно) пресно млеко
- 1 мала главица кромид
- 1 супена лажица путер
- 1-2 супени лажици коњак
- Прстофат сода бикарбона
Начин на подготовка и употреба
Поставете го млекото да зоврие, а потоа додадете го кромидот, претходно исечен на 4 делови. Варете ја смесата 5 минути. Следно, отстранете го млекото од оганот, оставете го лесно да се излади, а потоа додадете ги путерот, содата и коњакот и добро измешајте.
Пијте го млекото топло, не врело, а тоа најдобро е да го направите навечер. Неговиот вкус е специфичен, при што може да биде малку непријатен за консумирање, но чудесниот ефект нема да изостане и веќе следното утро кашлицата ќе исчезне.