Готски кломпи со синџири и боцки се најбараниот моден аксесоар за 2019-та година. Дали вие би ги носеле?
“Грдите” кломпи, како што сите ги нарекуваат сега ни доаѓаат облечени во ново руво. Дали ова е единствениот начин тие да изгледаат кул или нивната убавина е сепак невозможна мисија?
Овој модел на кломпи на еден чуден начин се прослави во модниот свет, скоро сите ги сметаат за антоним на убавината, а сепак и понатаму се зборува за нив.
Удобни и меки се за оној што ги носи, но неудобни за секој што ќе ги погледне.
Наводно, водоотпорни, но дупчињата го велат спротивното.
Сега, комплетно модифицирани, грдите кломпи повторно го привлекоа вниманието.
Дизајнирани се од американскиот бренд ХевиКримСтор (анг. HeavyCreamStore) , а на страната на онлајн продавницата Етси, се продаваат за 220 евра.
“Готски кломпи со синџири и боцки, дизајнирани да се почувствувате како во финалната стаза од Покемон, ретко и уникатно искуство”– велат од брендот.
Што мислите, дали би ги носеле Покемон кломпите?