„Готвам долги години и често употребувам ренде, но 2 од неговите страни никогаш не сум знаела за што служат“
Рендето е една од најупотребуваните кујнски алатки, кои се совршен сојузник при готвењето, бидејќи ја обработуваат храната како што тоа самите ние не би можеле да го сториме со нож. Покрај тоа се заштедува многу време и е неверојатно практично за користење.
Сепак, многумина од нас се навикнати да ја користат само едната, стандардна страна, па затоа токму во продолжение денес ви откриваме за што служат преостанатите страни:
1. Стандардно ренде
Речиси секој најчесто ја користи оваа страна. Изрендани компири, моркови, варени јајца и слично. Во принцип, оваа страна на рендено може да ги обработи поглемиот број на видови на храна/
2. Фино ренде
Следната страна е т.н фино ренде. Оваа страна, по структура е слична како првата, само 2-3 пати помала. Истата е одличен избор доколку при готвењето, сакате храната да има пофина конзистенција од првата опција.
3. Страна со правоаголни дупчиња
И оваа страна има своја посебна намена, за која малкумина знаат. Благодарение на истата може да исечете било каква храна на парчиња со еднаква дебелина. На пример, можете на кругови да исечете домати, тиквички, моркови, може да исечете компир за подготовка на чипс или брзо да исечете прстени од кромид.
4. Страна со „меурчиња“
Четвртата страна се смета за најтешка за миење. Но, постои еден мал трик. Едноставно земете стара четка за заби, средство за миење садови и лесно исчистете го рендето.
Инаку, оваа страна е одлична за рендање на тврдо сирење, јаткасти плодови, цимет, зеленчуци од кои планирате да приготвите пире и цитрусни кори.