Грижливо куче привремено „посвои“ две срамежливи мачиња кои беа пронајдени напуштени во двор
Куче, наречено Кона, зеде две срамежливи мачиња под нејзиното закрило и присвои мајчинска улога.
Сопственикот на Кона, Аса, од Њу Јорк, проншла дом на повеќе од 164 животни, таа привремено ги згрижува додека не го најде совршениот нов сопственик.
Таа ги прими Честер и Блер кога беа околу 10-12 недели, тие беа пронајдени во двор во Њу Јорк минатиот Декември, објави „Bored Panda“.
Аса вели дека Кона станува како мајка за другите животни, тоа „се случува природно“ и колку подолго згрижуваат животни, толку побрзо Кона ја презема улогата на мајка.
Кога ги примила Честер и Блер, Аса рече дека тие биле мирни и се плашеле повеќе од луѓе отколку од другите животни што ги чувала, и дека спасувачите на животни кои ги фатиле и довеле мачињата кај неа сигурно имале проблеми со тоа.
Таа рече дека по шест недели, тие сè уште бегале од неа, но се поврзале со Кона, а Блер дури се обидела да цица од Кона во текот на првите недели.
Аса не е сигурна дали тоа е начинот на кој Блер може да најде утеха и додаде дека Кона трпеливо лежела и ја оставаше Блер да ја грицка.
Аса додаде дека најомилениот дел од привремено чување на спасени животни е тоа што може да ги гледа додека заздравуваат и добиваат темперамент кој еден ден одлично ќе се вклопи во некое семејство.