Гуру – козметичарка открива како да го забавите процесот на стареење
Чизу Сееки (73) од Јапонија, работи како гуру – козметичарка и претставува нов вид на нега на кожата со користење на лосион за лице како маска. Таа препорачува лосионите да се користат како маска за лице. Овој метод на нега на лицето овозможува максимална хидратација на кожата на лицето. Според Чизу, најдобро е однапред да знаете каква кожа на лицето имате.
Третман со лосион – маска
Исчистете го лицето со топла вода, земете памучна крпа, навлажнете ја со топла вода и нанесете безалкохолен лосион за лице. Прекријте го лицето со крпата и оставете да делува 3 минути. На овој начин и помагате на кожата да се регенерира и да го задржи природниот тен.
Природна хидратација
Ефектот на хидратација на сувата кожа може да се постигне со користење на секоја крема која вообичаено ја користите. Единствено што треба да знаете дека пред да нанесете крема на лицето, потребно е да ги затоплите рацете, како би помогнале да се отворат порите на кожата. Нанесете од кремата и со кружни движења масирајте го лицето. По краткотрајна масажа, земете една коцка лед и повторете ги движењата. Методот на контраст исто така има важна улога, со тоа што практично ја ”будите” кожата на лицето. За поедноставна примена, сварете ориз во вода, процедете го оризот и оризовата вода претурете ја во сад за правење ледени коцки.
Одмор на кожата на лицето
Кога се споменува одмор, буквално се мисли на тоа да ја одморите кожата од слоеви течна пудра, камена пудра, шминка и козметика за разубавување. Ова треба да се практикува најмалку еднаш во неделата, како би и дозволиле на кожата на лицето да дише.
Внимавајте со што се храните
Слично како кај метаболизмот, мрсната и зачинета храна штетно влијаат врз кожата на лицето. Доколку редовно ги конзумирате, обидете се да ги намалите нивните количини како не би предизвикале осип по кожата. Медицински е докажано дека штетните намирници во исхраната кои не можат да бидат обработени во црниот дроб и жолчката, избиваат на површината на кожата, како најголем орган од човечкото тело.