Гускина маст за искашлување на секретот од белите дробови
Гускината маст е многу ефикасна кај честите опструкции и кога е потребно да се искашла секретот од белите дробови. Иако не може да се најде во аптека или супермаркет можете да ја побарате на пазар или доколку познавате некое домаќинство од најблиското село. Постојат два начина на кои гускината маст може да се користи како лек:
1.Како облогa
Како облог се користи така што ќе го намачкате градниот кош, ќе прикриете со газа или со памучна крпа и ќе оставите да делува. Најдобро е облогот да се става три пати на ден и да се мирува барем 1 час откако ќе ја ставите.
2. Додаток во млекото
Едно кафено лажиче за деца, односно, 1 супена лажица за возрасни треба да ја промешате со топло млеко. За подобар вкус, додадете и иста количина мед во гускината маст, па потоа ставете ги во млекото. Најдобар ефект се постигнува кога напитокот се пие 2-3 пати дневно со минимално растојание од 4-5 часа.