Хаосот во Суецкиот канал и железничката несреќа во Египет можеби се последица од „проклетството на фараонот“ поради планот за преместување на Рамзес Втори
Суеверните корисници на социјалните мрежи излегоа со бизарната теорија дека проклетството на фараоните ги предизвикало сите несреќни инциденти што се случуваат во Египет.
Пред една недела, на 23 Март, огромниот товарен брод „Ever Given“ заглави во Суецкиот канал, прометен трговски пат, лоциран во Египет, кој ги поврзува Азија и Африка, и ја чини глобалната економија милијарди.
Потоа, во Петокот, на 26 Март, 32 лица беа трагично убиени и многу повеќе беа повредени, откако два воза се судрија во Тахта, во централен Египет.
Само еден ден подоцна, уште една трагедија ја погоди земјата, кога станбена зграда во Каиро се сруши, предизвикувајќи уште 18 смртни случаи.
Се разбира, овие ужасни инциденти во никој случај не се поврзани едни со други, сепак некои суеверни корисници на социјалните мрежи ги поврзаа трагедиите со фактот дека само минатата недела беше објавено дека 22 мумии, вклучувајќи ја и онаа на кралот Рамзес Втори, ќе бидат пренесени во нов музеј.
Многу луѓе ги поврзале настаните со проклетство напишано на гробот на Тутанкамон, на кое пишувало: „смртта ќе дојде со брзи крилја за оние што го нарушуваат мирот на кралот“.
Проклетството ги натера луѓето да веруваат дека одлуката да се вознемират мумиите, вклучувајќи го и кралот, некако ги предизвика сите несреќи што се случија во земјата во текот на минатата недела.
Сепак, овие тврдења веќе ги отфрли еден експерт, Захи Хавас, кој вели дека „нема такво нешто“ како проклетство на фараоните.