Хемороиди- Причини, симптоми и едноставни домашни совети за лекување
Хемороидите се сметаат за најчестото заболување при аналната област, кои се особено застапени кај луѓето на возраст меѓу 45 и 65 години. Тие се определуваат како повреда на крвните садови на анусот.
Тие може да се развијат внатре во анусот (внатрешни хемороиди), но исто така може да се појават и надвор од анусот (надворешни хемороиди).
Иако тие може да бидат пропратени со болка, всушност ретко предизвикуваат долгорочни здравствени проблеми и не се поврзани со појавата на рак. Понекогаш предизвикуваат појава на крв во изметот, а статистиката покажува дека луѓето со хемороиди ретко посетуваат лекар, бидејќи чувствуваат срам.
Причина за појава на хемороиди
- Напор за време на движењата на цревата
- Долго време поминувате во тоалетот, додека притоа користите електронски уред, како вашиот телефон.
- Опстипација или дијареја
- Бременост
- Возраста, која предизвикува ослабнување на ткивата
- Тумор на абдоминалната празнина
- Поминувате долго време во седење
- Опстипација со тврд и сув измет
Признаци и симптоми за хемороиди
Симптомите на надворешните хемороиди вклучуваат:
- Капки на крв на тоалетната хартија и во тоалетната школка
- Крвните садови се подуени и надѕираат од анусот
- Тврда и болна грутка во близина на анусот
- Болки за време на движењата на цревата
- Секрет произведен од лигавицата со пролапс
- Чувство на чешање при анусот и дразнење
- Опстипација поради болка
Лекување на надворешните хемороиди
Основната цел на лекувањето е отстранување на симптомите, а не отстранување на хемороидите, освен доколку нема итна потреба од тоа. Во секој случај, за лекување на надоврешните хемороиди, опстипацијата и честата дијареја треба да се излечат, за да се олеснат движењата на цревата кај пациентот.
Потребно е личноста да воведе нови навики во исхраната за да ефикасно се регулираат движењата на цревата, а воедно потребно е да се зголеми внесот на течности, особено доколку причината за појава на хемороиди е постојаната опстипација.
Печените зеленчуци измешани со масло за готвење треба да станат основен дел од дневното мени на пациентот. Истовремено, топлите билни чаеви ќе го забрзаат процесот на заздравување и ќе ја ублажат болката.
За ублажување на болката и елиминирање на хемороидите може да употребите и гел од алое вера.