Хомеопатските лекарства се ефективни колку шеќерни пилули – велат експертите
Хомеопатските лекови не се ништо поефективни од плацебо при лекувањето, се заклучува според едно ново истражување. Тим експерти од Австралија ги предупредуваат луѓето кои ја избираат хомеопатијата дека си го ставаат здравјето на ризик ако ги отфрлаат или одложуваат конвенционалните начини на лекување. Тие советуваат да не се лекуваат со алтернативна медицина, особено кога станува збор за хронични и сериозни заболувања, или заболувања кои имаат потенцијал да станат такви.
Хомеопатијата е вид на комплементарна, холистичка медицина која ја применуваат над 200 милиони луѓе ширум светот, и нејзините поборници советуваат да се применува и за тешките и хронични заболувања. Се засновува врз начелото дека „сличното се лекува со слично“, како што изјавуваат од Британската хомеопатска асоцијација.
Според овој концепт, супстанциите кои предизвикуваат болести можат да бидат и лекови во мали разредени дози.
Австралискиот совет за национално здравје и медицинско истражување ја оценувал ефективноста на хомеопатијата прилекување на нарушени здравствени состојби преку 225 постоечки студии кои датираат од 1997г.
Секоја од нив била оценета со оценка од 1 – многу силна, до 4 – многу слаба, за да ја оценат веродостојната на секое од истражувањата.
Советот зел предвид студии кои биле проценети како контролирани обиди – и поради тоа вклучил и група испитаници на кои не им биле дадени хомеопатски лекарства.
Откриле дека нема цврсти докази дека хомеопатијата е поефективна од плацебо во лекувањето и олеснувањето на симптомите на пациентите. Луѓето кои размислуваат да пробаат со хомеопатија би требало прво да побараат совет од стручно лице, а во меѓувреме да продолжат со препишаниот третман – велат тие.