Хороскоп за денес, 03 мај
Овен
Денес ќе имате можност да се ослободите од некакви психолошки проблеми кои доволно долго го труеле вашиот живот. Ќе имате успех во секое поле. Искористете ги вашите знаења и вештини.
Бик
Ако ви се чини дека денес воопшто нема да бидете во чекор со времето, тоа веројатно е затоа што одите премногу брзо и луѓето околу вас едноставно не можат да ве следат! Притиснете ги кочницата и видете каде се наоѓате. Живејте за денешниот ден и престанете да сонувате за иднината.
Близнаци
Доста одговорен и важен ден во вашиот живот. Ако чувствувате страв за целата ситуација само стиснете ја раката на Вашиот партнер, љубовта е таа која ќе ве задржи во текот на бурата. Таа е неопходна, не ја игнорирајте!
Рак
Денес разговорот со вашиот партнер може да биде многу тежок и нема да донесе задоволство ниту за вас ниту за него. Но, тој разговор е неопходен за да можете да завршите со сè, а и да стигнете до едно важно и профитабилно решение. Бидете трпеливи и силни.
Лав
Денес ќе дознаете колку може да сметате на својот партнер во тешки моменти. Можно е најтешкиот момент да е со некој од неговите блиски луѓе, само набљудувајте го и донесете заклучок.
Девица
Еден од најтешките денови за Девиците. Не може да се негира дека, некои од претставниците, лавовски ќе се борат и ќе дејствуваат упорно, но шансите за успех се мали. Некој ќе Ви постави пречки на патот за да ги блокира Вашите можности.
Вага
Не креирајте си фантастични теории, во обид да го објасните нелогично однесување на својот партнер. Едноставно не можете да погодите. Пред се, сите луѓе се различни, што значи дека и нивниот начин на размислување е различен, а освен тоа, за мажите е исклучително тешко да се разберат жените. Затоа не е лошо да побарате од него директен одговор.
Шкорпија
Денес имате успех и ќе ги реализирате Вашите цели, но со услов да бидете многу активни и да немате многу тешкотии кои ќе го бараат максимумот од Вас. Ќе имате професионално докажување во услови на ривалство и конкуренција.
Стрелец
Денес ќе посакате да се претворите во вистински волшебник и да започнете да правите најразлични чуда за вашиот партнер. И треба да знаете дека чудата ќе Ви се вратат со топлина и благодарност. За тоа сами ќе се уверите.
Јарец
Имате падови на расположението, кои во вашиот случај се движат горе – доле, во некаков хаотичен цик – цак. Ако мислите дека ова не е добро, замислете како е за Вашите блиски кои се навикнати да ве гледаат во смирена состојба. Сега може да кажете работи кои всушност не сте имале намера да ги кажете. Потрудете се да избегнете од сето она што ве иритира, смирете се и побарајте ја причината за овие случувања.
Водолија
Во последните неколку недели сте биле во потрага и сте ја проверувале секоја акција, за да се убедите дека не ги прекршувате правилата. Токму тоа Ве вади од колосек. Никогаш сериозно не сте приоѓале на работите и не сте ги исполнувале по правила. Но, денес ќе работите по правила и ќе направите се што се бара од Вас.
Риби
Денес не е лошо да се воздржувате од остри дискусии, како и од спорови со шефовите и колегите. Треба да се фокусирате на работата. Одложете ги разговорите за светскиот поредок и глобалното затоплување – тие одземаат енергија, која може да се користи за повеќе корисни работи. Не се плашете од несогласувањата со сакана личност: може да се најде компромис и тоа ќе се покаже како не толку тешко. Вечерта е прекрасно време за романтични средби и за одмор за двајца.