Овен

Денес отворeте ги добро очите. Серијата долги викенди ве извадила од колосек и внатрешниот протест против редот е посилен од било кога. Всушност имате шанса да ги промените работите. Треба да ги слушаме потсвесните желби. Денес тие имаат волшебна моќ. Ако свеста е прилагодена да ризикувате, тогаш ве очекуваат возбудливи авантури. Денес контактот со странци може да прерасне во долгорочна соработка.

Бик

Желбата за борба е голема, но ви недостасува енергија. Можно е да ги игнорирате старите задачи поради интерес кон нови нешта. Многу веројатно е денес да одлучите да смените работа. Највредните од вас ќе се чувствуваат исцрпени, бидејќи ќе се обидуваат да завршат неколку работи истовремено.

Близнаци

Утрото може да биде прилично стресно за вас. Самата помисла за неуспех ќе ви влијае директно и ќе ви пречи да се концентрирате. Освен тоа, може да се појави ривал на хоризонтот, кој ќе ви влијае со критиките. Не дозволувајте конкуренцијата да ве победи.

Рак

Овој вторник ќе добиете шанса за докажување. Не пропуштајте ја можноста да ги покажете вашите способности. Денес животот ќе ве научи на лекција: интересно е да си прв, но не е воопшто лесно. Ќе најдете доста недостатоци во проектот на кој работите и кој до вчера мислевте дека е совршен.

Лав

Денес ќе имате повеќе расположение од обично. Така ќе сфатите дека кога дејствувате повеќе лежерно, работите не само што се одвиваат подобро, но и не Ве оптоваруваат многу. Применувајте го методот почесто.

Девица

Денес ќе наидете на поддршка од човек, за кого не сте претпоставувале дека може да го дели Вашето мислење, а камоли да е на ваша страна. Ова ќе ви е лекција да не брзате со заклучоците за луѓето. Ќе добиете верен пријател.

Вага

Понекогаш треба да им дозволите на луѓето околу вас да прават грешки и да се однесуваат како луди од време на време. Не можете да ги контролирате сите и да очекувате да бидат совршени. Секој прави грешки. Анализирајте го постигнатото до сега и освежете го својот план за иднината.

Шкорпија

Овој вторник нема да ве остават да земете здив, но сите ваши активности ќе се сериозна инвестиција за идни успеси. Во утринските часови ве очекуваат состаноци, пораки за службени патувања и финализирање на комуникација во даден проект. Одговорноста за проблеми во домот или семејството ќе се зголеми. Земајте претежно рационални решенија, а не емоционални.

Стрелец

Денес расположението ќе зависи од тоа како ќе го започнете денот. Избегнувајте скандали и не бидете премногу критични и прецизни. Ѕвездите се категорични дека треба да избегнувате спорови со своето семејство. Ќе реагирате остро на рутински обврски и расправии, за кои не вреди да се карате.

Јарец

Денешните околности ќе предизвикаат во вас агресија и атмосферата околу вас ќе стане доста напната. Обидете се да останете неутрални и не влегувајте во директни конфликти. Ветувањата се едно, желбата друго, а можноста да се исполнат трето. Ризикувате да дадете премногу надеж на некого, но ресурсите сега не дозволуваат да ги остварите своите намери.

Водолија

Добри вести ќе доаѓаат една по друга. Сепак, тие не значат дека сте завршиле со одговорностите во одредена сфера. Утрото ќе сте многу зафатени, особено ако Ве очекува пат. Можно е да наидете на пречки во работата, а со тоа ќе задоцните со Вашите задачи.

Риби

Утрото ќе Ви биде исполнето со гнев, бес и вистинска револт. Ова ќе важи најмногу за оние кои се родени во средината на Март. Но, не мислете дека нема да може да се справите со сето тоа.