Хороскоп за денес, 11 мај
Овен
Четврток ќе се покаже малку непријатен ден за Овните. Кај многумина од вас има аспекти за патување, но има и некакви пречки. Во негативно расположение сте и подобро e да го одложите патувањето. Се забележува некоја хаотичност и расеаност во работата.
Бик
Биковите не се во добро расположение и тоа се должи на Вашата психичка состојба денес. Засегнати се вашите лични чувства и најверојатно станува збор за љубовно разочарување. Денот не е многу лош и ако успеете да се апстрахирате и мобилизирате може да се радувате на плоден ден.
Близнаци
Може да се каже дека имате добар ден пред себе, ако ги исклучиме домашно – семејните проблеми кај некои од Вас. Многумина од Близнаците се доста ангажирани и во овој поглед денот е напнат. Бидете повеќе концентрирани во активностите за исполнување на обврските, бидејќи има непредвидени околности кои можат да тргнат наопаку.
Рак
Раковите денес се во монетарна криза и тоа доста влијае на расположението. Некои од Вас ќе имаат службени проблеми за разрешување, за кои најдобра постапка е да го набљудувате своето однесување. Потпрете се на лица на повисока позиција. Ви недостасува доследност во спроведувањето на обврските денес.
Лав
Лавовите не се чувствуваат добро поради финансиски проблеми, но едно известување би можело да зарадува многумина од вас. Одложете го за друг ден решавањето на паричните проблеми, бидејќи од ѕвездени аспекти денот не е поволен во однос на ова и вашите напори ќе останат неплодни.
Девица
Денот ќе биде многу напорен од емоционална гледна точка. Поголем дел од Девиците едвај ќе се чувствуваат добро и тоа е поради ненадејно вметната обврска или разделба со блиска личност. За многумина финансиите ќе зависат токму од овој ангажман, а бизнисмените треба доследно да ги решаваат своите задачи.
Вага
Ненадејно денот ќе ви донесе пријатно изненадување. Можеби не сте очекувале, но денес се отвораат перспективи пред Вас, кои треба навреме да го користите. Мобилизирајте се, дејствувајте линеарно, намерно, за да успеете во овој поволен за Вас ден. Не се исклучени и добрите вести за многумина од Вас.
Шкорпија
Четврток е критичен ден за многумина од Шкорпиите. Постојат неочекувани околности од домашен карактер, кои можат да доведат до забуна на плановите. Најмногу влијаат на службените обврски, бидејќи делувате доста неорганизирано и може да не се справите со работа. Службеното патување денес може да пропадне.
Стрелец
Убав ден, кој за повеќето од Стрелците се карактеризира со патување. Дали е лично, или деловно, тоа и во двата случаи ќе биде успешно. Во однос на финансиските активности треба да бидете исклучително флексибилни, а со трошоците – внимателни. Не влегувајте во ризични активности. Во бизнисот Ве очекува доста работа, но крајниот резултат, кој е финансиски, е значителен. Кај некои настапува вистинска промена во работата.
Јарец
Психички напорен ден, но општо гледано, денот е пријатен за Јарците. Видна е поволна промена околу буџетот, ќе имате и бенефиции по службен пат. Професионално ќе се чувствувате добро, а некои може да добијат и подарок на работното место денес. Има и подготовка за заминување на одмор.
Водолија
Денес вие сте подготвени да заборавите за деловната рутина и да се нурнете во невидени авантури. Интуицијата ќе Ви биде верен придружник. Денот е одличен за учење, читање, пребарување на информации, споделување на вести и изучување на странски јазици.
Риби
Денес Рибите ќе бидат сентиментални и носталгични настроени. За некои претстои разделба со близок човек, што ги тера да се чувствуваат осамени. Од вас се бара да бидете поорганизирани и да не се дистанцирате од активностите денес. Оние кои се на работа, нема да се задоволни од службената ситуација. Некои од колегите ви приредил стапица.