Хотел во Австралија го отвори првиот „хуманитарен апартман“, во кој гостите уживајќи, ќе спасуваат животи
Розев шампањ, појадок во кревет и сладолед колку сакаат, се само дел од работите во кои гостите ќе уживаат во првиот „хуманитарен апартман“, а еве и на кој начин ќе спасуваат животи.
Хотелот Лангам, во Австралија, ја трансформираше една од своите гостински соби во апартман од хуманитарен карактер, кој доаѓа со луксузна услуга како розев шампањ, бесплатен мини-бар, како и бесплатен паркинг.
За гостите ќе биде достапен целосен ВИП третман, а исто така ќе имаат можност да уживаат во розева декорација, која со сигурност ќе им биде омилена за фотографирање за социјалните мрежи.
Едно ноќевање апартманот наречен „Апартманот на розевата надеж“, во Сиднеј ќе чини 800 евра, а е поврзан со добротворната организација, која го носи истото име, „Розева надеж“ која се залага за пациентите кои боледуваатс од рак на дојката и јајниците.
Гостите уживајќи, ќе спасуваат животи, така што финансиските средства соберени од гостувањето во розевиот апартман, ќе бидат директно донирани во хуманитарната фондација.
На крај од престојот, на гостите ќе им бидат подарени чоколади и бонбониери од скапи брендови. Целото ова мени на услуги, хотелот се надева дека ќе привлече огромен број на посетители.
„Возбудени сме за отварањето на хуманитарниот апартман, бидејќи сметаме дека на овој оригинален и креативен начин, ќе помогнеме многу во собирањето средства за лекувањето на пациентите кои се болни од рак.“- изјави директорот Лечлен Херис, кој смета дека розевиот апартман е одлична идеја да се промовира уникатниот хуманитарен проект.