Храбро 11-годишно девојче успеа да се ослободи од маж кој се обиде да ја киднапира на автобуска станица
Видео од безбедносни камери го сними застрашувачкиот инцидент во Западна Пенсакола, Флорида, САД, на почетокот на оваа недела, каде што вооружен маж се обидува да грабне девојче и да го одвлече до неговиот автомобил.
Инцидентот се случил околу 7 часот наутро додека девојчето чекало автобус за на училиште. За среќа, таа точно знаела што да прави во ваков момент и почнала да се бори со мажот удирајќи го со клоци и тупаници додека тој на крајот не се откажал и избегал со својот автомобил.
Началникот на полицијата за новинарите изјави дека човекот од видеото е уапсен, потврдувајќи дека осомничениот возел бел пикап „Доџ“ и бил вооружен со нож.
Девојчето се сретнало со киднаперот и порано, тој „и зборувал на шпанси и ја натерал да се чуствува непријатно“. По инцидентот 11-годишната хероина ќе биде придружувана на автобуската станица од нејзината мајка.