И 50 тегли ќе ви бидат малку: Највкусната туршија од зелени домати- Лесно кисела, лесно лута, која одлично одговара со ракија
Доколку сте обожаватели на лесно киселиот и лесно лутиот вкус, тогаш оваа туршија е совршената за вас! Ако никогаш досега не сте конзервирале зелени домати, време е да се обидете- резултатот со сигурност нема да ве разочара!
Туршија од зелени домати
Потребни состојки
(за 3 тегли од 1.5 литри)
- 5 кг зелени домати
- Корен или лист од рен
- 50 гр свеж копар
- 50 гр магдонос
- 1 главица лук
- 1 лута пиперка
За маринадата
- 5 л вода
- 150 мл оцет (9%)
- 2 супени лажици сол
- 4 супени лажици шеќер
Теглите се стерилизираат 15 минути.
Начин на подготовка
Изрендајте го лукот. Извадете ги семињата од лутата пиперка, исечете ја истата на половина, а потоа сомелете ја.
Исечете ги на ситни парчиња зелените домати. Во одделен сад, додадете ги исечените зелени зачини, сомелената лута пиперка и лукот. Добро измешајте ги состојките. Добената смеса ќе биде филот за доматите.
Следно, пресечете ги доматите на половина, без да ги сечете до крај, а потоа наполнете ги со претходно добиената смеса.
Стерилизирајте ги теглите во рерна на температура од 150°C , во времетраење од 10-15 минути. Потоа, полејте со врела вода до самиот врв, покријте со капаци и оставете да отстои 10 минути.
Прецедете ја водата.
Следно, пригответе ја маринадата. Во прецедената вода, додадете сол и шеќер, добро измешајте ги состојките и варете околу 3-4 минути, додека истите не се растворат целосно. Потоа додадете го и оцетот и оставете ја смесата да врие уште неколку минути.
Полејте ги зелените домати со готовата топла маринада и покријте ги теглите со капаци, а потоа стерилизирајте ги на следниот начин:
На дното од тенџерето поставете крпа, наредете ги теглите и наполнете го тенџерето со топла вода. Откако водата ќе зоврие, стерилизирајте 15 минути. Добро затворете ги капаците и свртете ги теглите, така што дното ќе се најде одозгора.
Покријте со ќебе и оставете ги теглите да се изладат.