И предложил брак со прстен украден од друга девојка
Полицијата во Флорида издаде налог за апсење на човек обвинет дека ја запросил својата девојка користејќи веренички прстен украден од друга девојка.
Замениците на шерифот во округот Волусија започнаа истрага против 48-годишниот Џозеф Дејвис оваа година кога неговата девојка од Оринџ Сити откри дека е свршен со друга која го носи нејзиниот прстен.
Збунетата девојка отишла на Фејсбук страната на вереницата, каде видела фотографија од жената каде што носи вереички прстен, идентичен со нејзин од претходен брак.
Откако ја проверила кутијата за накит и открила дека и недостасуваат неколку прстени, жената повикала полиција и ја пријавила случката. Покрај две бурми, исчезнал и дијамантски прстен кој и припаѓал на нејзината баба.
Во соопштението од канцеларијата на шерифот се вели дека вкупната вредност на украдениот накит е околу 6270 американски долари.
Во обид да го врати она што е нејзино, жената од Оринџ Сити стапила во контакт со свршеницата за да и ја објасни ситуацијата. Вереницата вратила некои од предметите и двете жени ги прекинале односите со Дејвис, кој исто така го користел името Маркус Браун.
Вереницата, која живее во Орландо, им рекла на детективите дека Дејвис ја измамил на сличен начин, претходно ја однел во куќа што всушност и припаѓала на неговата девојка од Оринџ Сити и тврдел дека е негова.
Дејвис ја замолил свршеницата да се пресели кај него, но откако таа се спакувала, тој велел дека пропаднал договорот со куќата. Дејвис потоа исчезнал, а свршеницата забележила дека нејзиниот лаптоп и дел од накитот ги нема никаде.
Дејвис не и го дал вистинското име на жената од Орландо, но таа им рекла на детективите дека се сеќава дека тој има роднина во Северна Каролина. Полицијата успеа да му влезе во трага на роднината и се покажа дека се работи за сестра на Дејвис која била во можност да го идентификува.
Според канцеларијата на шерифот, 48-годишникот има активна потерница за удар со автомобил, во кој предизвикал повреди а потоа избегал, во Орегон. Тој исто така претходно бил уапсен за поседување фалсификувана лична карта, поднесување лажна полициска пријава, домашен напад и поседување кокаин со намера да продава.