И принцот Чарлс е заразен со коронавирус – Еве каква е неговата состојба
Како што е познато, коронавирусот не ги бира своите жртви, па така ниту славните и богатите не се имуни на истиот. Од неодамна беше објавено дека америкаснкиот актер Том Хенкс е позитивен на вирусот.
А сега вирусот достигна и во британското кралско семејство. Од британската кралска резиденција „Клеронс Хаус“ соопштија дека синот на кралицата Елизабета Втора е заразен со коронавирус.
Официјалните извори истакнуваат дека принцот Чарлс има полесни симптоми на вирусот, дека моментално се чувствува добро и веќе последните неколку дена работи од дома.
Сопругата на Чарлс, Камила исто така е тестирана, но резултатите се негативни. Следејќи ги препораките на здравствените организации, принцот Чарлс и Камила се изолирале во својата резиденција во Шкотска.
„Не можеме да откриеме од каде принцот Чарлс се има заразено со вирусот, земајќи го во предвид фактот дека во текот на последните неколку недели тој се има сретнато со многу луѓе поради своите кралски ангажмани.“ – додаваат од Клерсонс Хаус.