„Иако немав слушнато за овие чудесни зрна, сега не можам без нив- Им го должам мојот младешки изглед и витка фигура“
Доколку досега не сте се сретнале со чудесното чиа семе, тогаш ова е вистинската статија за вас!
Експертите и лекарите ќе се согласат дека навистина среќни може да бидат само целосно здравите луѓе. Колку прекрасно е што природата се погрижила за нас и ни дала толку многу природни средства, со чија помош можеме ефикасно да се справиме со разни заболувања и да ја спречиме нивната појава.
Чиа семето потекнува од Мексико, при што уште од древни времиња, оваа природна култура имала широка примена во медицината на Ацтеките.
Неверојатната чудесна состојка содржи 20% протеини, 34% здрави масти и 25% диетални хранливи влакна, со извонредно големо количество на антиоксиданти. Воедно, чиа семето е богато со линоленска и други видови на омега-3 масни киселини.
За што и колку е корисно чиа семето?
1. Загуба на телесната тежина
Консумирањето на чиа семе означува брзо и ефикасно слабеење, без да му наштетите на вашето здравје, бидејќи овие семиња ги содржат сите неопходни хранливи вредности и витамини.
2. Моќен извор на калциум
Количеството на калциум во чиа семето е 5 пати повисоко отколку во млекото, а содржи и двапати повеќе калиум од бананите, при што ја прави оваа состојка едноставно незаменлива. Сите кои сакаат да го надополнат нивниот организам со овие елементи, едноставно треба да консумираат чиа семе и така веќе ќе немате проблеми со меките и кршливи нокти и коса.
3. Вечна младост и енергија
Овие семиња без конкуренција содржат големо количество на антиоксиданти, кои ќе ви помогнат да изгледате помладо од вашата вистинска возраст и притоа да избегнете многу инфективни заболувања. Концентрацијата на антиоксиданти во чиа семето е значително поголема и од боровинките.
4. Чудесно лекарство со омега-3 масни киселини
Масните киселини во чиа семето се застапени во изобилство, значително повеќе отколку кај рибата. Тие ефикасно го намалуваат нивото на холестеролот, ја подобруваат функцијата на срцето, помагаат успешно да се справите со депресијата и честите промени во расположението. Масните киселини му помагаат на мозокот да работи поефикасно.
Колкаво количество е потребно да консумирате?
Се препорачува да се консумираат 4 супени лажици чиа семе секојдневно, за да целосно го обновите и зајакнете вашето здравје. Можете за почеток да започнете со 1 супена лажица, а со текот на времето оваа доза да ја зголемувате. Семињата имаат неутрален вкус и може лесно да ги додадете во било која храна како разните супи, киселото млеко и салатите.