Идеално одмаралиште за професори, медицински сестри, мајки и воени лица, каде што сѐ е бесплатно
„Клиентот е секогаш во право и секогаш на прво место“- по ова мото најверојатно се води одмаралиштето кое воодушеви со неговата понуда за месец Мај.
Месец Мај во САД е обвиткан со многу денови за славење, како што е Националниот ден на медицинските сестри, потоа Ден на воените лица, Национален ден на наставниците и сл.
По овој повод т.е поводи, одмаралиштето „Сандалс“ одлучи да додели бесплатни патувања и одмори на наставниците, медицинските сестри, мајките и воените лица, кои не престануваат да работат и да помагаат и за време на неработните денови и празници, во текот на целата година.
Со наградната игра на Сандалс, 31 лице ќе добие 7-дневно патување, а во текот на целиот месец, победниците ќе бидат објавувани секој Петок.
Наградата ќе вклучува романтично бегство за двајца во едни од хотелите на луксузното одмаралиште, кое се сместени во тропскиот шарм на островот Св. Луција, Јамајка, Барбадос и Бахамите.
Самите патувања ќе бидат инклузивни, а победниците ќе имаат можност да појадуваат во едни од најелитните ресторани на светот, кои се карактеризираат со 5 ѕвезди.
Бидејќи станува збор за американска наградна игра, учесниците мора да бидат американски државјани, над 18 години, а воедно при нивното избирање се што треба да направат е да изберат кој ќе ги придружува на луксузното патување.
Навистина креативен гест кој се здоби со многу пофалби.