Идна мајка преку маникир го откри полот на своето бебе и стана цел на исмејување на социјалните мрежи
Забавите по повод откривањето на полот на детето во последно време станаа вистински хит. Луѓето трошат пари на колачи, балони, храна и пијалоци за гостите, притоа со цел да го откријат полот на бебето што го очекуваат.
Меѓутоа и козметичките салони може да се пофалат со зголемување на бројот на клиентики кои преку направениот маникир на своите најблиски сакаат да им откријат дали ќе бидат мајки на момче или девојче.
Така, една идна мајка се пофали со свежо направен маникир, откривајќи дека ќе роди девојче. На нејзините нокти беа втиснати зборовите „Baby girl“, односно дека ќе родите девојче. Идната мајка толку многу ги обожаваше своите нокти, што реши да сподели фотографија од истите на Фејсбук.
Таа гордо го покажа посебниот дизајн, но меѓутоа нејзиниот маникир заврши во група на Фејсбук каде корисниците објавуваат идеи за нокти кои ги сметаат за лоши и неубави.
„Ова е како 90-те години и треба да остане таму“, коментирал еден корисник. Други пак корисници коментирале:
-„Ова е одвратно“;
-„Ме интересира што има на палците“
-„Јас навистина се мразам затоа што дури и ми се допаѓа ова“, заклучи четвртиот, кој реши да покаже емпатија кон бремената жена.
Што мислите вие за дизајнот на ноктите на оваа идна мајка?