Сату Нордлинг Гонзалес е родена во Финска, но моментално живее со нејзиното семејство во Швајцарија. 35-годишната жена има 9 деца и води блог за мајчинството, кој е неверојатно популарен.

Нејзиниот сопруг Андреас потекнува од Уругвај и заедно парот има 3 сина и 6 ќерки. Најголемото дете има 12 години, а најмалото има 4 месеци.

„Кога ќе подразмислам, последните 13 години од животот, во поголемиот дел од времето бев бремена. Семејството ми е највредното нешто и без децата не можам да си го замислам животот. Кога бев мала, мечтаев токму за вакво големо и хармонично семејство.“ – вели гордата и среќна мајка.

Интересно е што пред воопшто за првпат да остане бремена, Сату добила вест од лекарите дека има проблеми со зачнувањето, при што не веруваат дека некогаш ќе може да се оствари во улогата на мајка.

„Многумина не знаат дека пред да го родам моето прво дете, јас имав големи потешкотии при забременувањето. Доживеав и спонтан абортус, имав бројни здравствени проблеми. Во една клиника каде се лекува неплодноста, ми рекоа дека јас никогаш нема да станам мајка. Но, благодарение на бескрајната поддршка од мојот сопруг успеавме да го надминеме тој лош период, а денес Андреас секогаш ми помага околу децата.“ – вел Сату.

Без помош од нејзиниот сопруг, Сату признава дека не би успеала толку лесно сама да се справи со децата. Од истите, најголема е Никол, а потоа по возраста следуваат Ванеса, близнаците Џонатан и Данило, следува Оливија, Кевин, Селина и најмалата ќерка има само 4 месеци.