„Имам 45 години, но велат дека изгледам како на 30. Не се само гените, туку и дисциплината- Вака секојдневно ја негувам кожата“
Раскошниот магдонос уште одамна се користи не само при готвењето, туку и во козметичката индустрија. Ароматичните зелени листови содржат големи количества на етерични масла, микроелементи и витамини, неопходни за кожата.
Дури и штета би било да не го искористиме целосниот чудесен и лековит потенцијал на ова зелено растение.
На база на магдонос може да приготвите одличен домашен лосион, а ние го имаме задоволството да ви предложиме неколку рецепти кои ќе ви помогнат брзо и ефикасно да се ослободите од здодевните акни, рецепти кои ќе ја прочистат и обновата вашата кожа, ќе ја потхранат и хидратираат на правилен начин и дури ќе ги отстраните малите непријатни брчки и темни кругови под очите.
1. Лосион за масна и комбинирана кожа
Потребни состојки
- 1 супена лажица сомелени корени, стебла и листови од магдонос
- Половина чаша пречистена вода
- Половина чаша суво бело вино
Начин на подготовка
Полејте го магдоносот со вода и поставете ја смесата на средна температура. Варете 15 минути, а потоа отстранете ја истата од оганот, покријте ја и оставете го растворот да отстои 2 часа. Следно прецедете ја смесата и додадете го белото вино.
Употребата на овој ефикасен домашен лосион се препорачува за користење при состобја на акни и прекумерно мастење на кожата.
2. Лосион за сува и чувствителна кожа
Потребни состојки
- 1 супена лажица магдонос
- 1 супена лажица мента
- 1 супена лажица камилица
- 1 супена лажица лист од роза
- 1 супена лажица сомелени листови од алое вера
- 1 чаша пречистена вода
Начин на подготовка
Можете да користите сув или свеж магдонос и истиот измешајте го со останатите сушени билки. Полејте ги состојките со врела вода и оставете ја смесата да отстои 1 час, а потоа прецедете ја истата.
Во лосионот може да додадете и сок од краставица, боровника или јаболко. Домашниот ефикасен лосион ја ублажува надразнетата кожа, ја навлажнува и ги затегнува капиларите.
3. Избелувачки лосион
Потребни состојки
- 1 чаша пречистена вода
- Половина чаша исечен магдонос
- 2 кафени лажици јаболков оцет
- 3 капки масло од јојоба
- 3 капки етерично масло од лимон
Начин на подготовка
Полејте го магдоносот со вода, а потоа поставете го истиот да се вари 10 минути. По варењето, оставете ја добиената смеса да се излади и потоа прецедете ја истата. Во растворот се додаваат оцетот и маслата од јојоба и лимон.
Пред да го исчистите лицето со овие домашни лосиони, направете едноставен тест за алергиска реакција. Нанесете малку од лосионот на дланка, а потоа обратете внимание дали кожата лошо реагира.
Редовната употреба на магдоносот за кожата, не само што ќе ја заштити истата од гореспоменатите проблеми, туку и истовремено неверојатно ќе ја подмлади.