Маската од нишесте и домати е идеална за дамите кои ги обожаваат домашните третмани и притоа сакаат мазно лице со беспрекорна кожа и мазно лице. Еве како да го постигнете ова лесно на природен начин.

Домашна маска за лице без брчки

Потребни состојки

  • 1 среден домат или 2 шери домати
  • 1 жолчка
  • 1 кафена лажица нишесте од компир
  • Половина кафена лажица зејтин

Начин на подготовка

Згмечете ги доматите, а потоа кон истите, додадете ги преостанатите состојки и добро измешајте до добивање на една соедината смеса.

Готовата смеса нанесете ја врз исчистено лице, притоа избегнувајќи ја зоната околу очите. Оставете ја маската да дејствува 15-20 минути, а потоа исплакнете со студена вода. Исушете го лицето и нанесете соодветна навлажнувачка крема.

Зошто оваа маска е ефикасна?

Маските со нишесте важат за најдобрите поради нивните моќни потхранувачки, хидратирачки и избелувачки својства. Покрај тоа што ја одржува кожата чиста и затегната, нишестето ги регулира масните жлезди, со што го запира лупењето на сувата кожа и лесно ги елиминира несовршеностите како што се брчките.

Сепак, доколку вашата кожа е премногу чувствителна и има рани, избегнувајте ја употребата на овој вид на маски.