„Имав врска со оженет маж цели 25 години – Ова е причината поради која го оставив“
Искрената исповед на една жена во средни години, открива дека цели 25 години имала врска со оженет маж, а сега одлучила дека е време да стави крај. А еве и зошто.
„Го запознав Сем во 1981-та година, кога имав 39 години и минував низ доста тежок развод. Сопругот ме остави со 14-месечно бебе, без никаква финансиска поддршка. Се подразбира, ми беше потребен добар адвокат и така го запознав Сем. Знаев дека е оженет, со 2 деца, а јас бев сама и исплашена. Поминувајќи време со него, во моментот кога ми беше потребна емоционална поддршка, јас започнав да развивам чувства кон него. Ја користев можноста дека соработуваме како мој адвокат и често во повикував дома.
Нештата многу брзо се одвиваа и набрзо се најдовме во спалната соба. Така започнавме да се гледаме секој ден, а по 2 години ми подари прстен на кој пишуваше „засекогаш“. Неговата сопруга започна да се сомнева, но Сем успеа да ја смири, а таа потоа никогаш не го прашуваше дали има љубовница. Се прашувате како е да бидеш втора жена?
Отсекогаш сум била втора жена. Кога мајка ми почина, а татко ми повторно се омажи. Новата сопруга никогаш не ме сакаше, а тоа влијаеше на нашиот однос до степен што татко ми ме замоли да се преселам и да живеам во хотел. Имав само 15 години. Понекогаш доаѓаше да ме види. Така да, добро знам како е чувството да бидеш втора жена. На врската со Сем гледав како на можност да го променам мојот живот и да бидат на прво место.
Кога неговите ќерки пораснаа и тој доби внуци, неговите семејни обврски се зголемија, но секогаш наоѓаше време за мене. И по 15 години уште бев вљубена во него. Мојот терапевт ме советуваше дека не треба толку да се потпирам на моите чувства кон Сем. Една година, додека уживавме јадејќи сладолед на еден балкон, го запрашав што ќе се случи од мене ако тој ненадејно почине. Сакав да добијам потврда дека сум му важна, дека ќе ме осигура после неговата смрт. Но, наместо тоа добив сосема различен одговор.
– „За тебе ќе направам сè додека сум жив. Не сакам веќе да водам вакви длабоки разговори.“ – ми одговори тој.
Бев толку повредена. Се чувствувам многу глупаво. Наместо да се изборам и да пронајдам добро платена работа или човек, кој не е зафатен, јас толку години потрошив на него. Во секоја смисла. По неколку дена, во мене нешто се скрши. Ништо не можеше да ја пополни празнината во моето срце. Од тој момент одлучив да се сакам само себеси. Најверојатно цело време тоа ми недостасуваше. На крај сфатив што значи животот. Излегов од хотелот во кој престојувавме со крената глава. Никогаш не погледнав назад.“ – вели жената.