Имуностимулатор број 1: Домашна паста од ѓумбир со која веднаш ќе го зајакнете имунитетот
Чудесната домашна паста од ѓумбир и лук е еден од најпопуларните имуностимулатори во Индија, Кина и на Тајланд. Истата на јадењата им дава остар и уникатен вкус, но покрај пикантниот вкус, нејзините моќни својства веднаш може да го зајакнат ослабнатиот имунитет.
Со тоа, оваа извонредна домашна паста ефикасно ќе ве заштити од настинките и вирусите, што ја прави одлична за зимскиот период, кога настинките и грипот се честа појава.
Домашна паста за зајакнат имунитет
Потребни состојки
- Половина шолја излупен и сомелен ѓумбир и лук
- 1-2 супени лажици зејтин
- Половина кафена лажица сол
Начин на подготовка и употреба
Во заеднички сад, добро измешајте ги сите состојки заедно и складирајте ја добиената смеса во стаклена тегла. Пред употреба, најпрво е потребно да ја испржите смесата на слаб оган за 20 секунди, за да исчезне остриот мирис на лукот. Потоа додадете зеленчуци и месо во тавата по ваша желба и продолжете да готвите. Пастата може да ја додадете и кон маринада.