Половина од пациентите кои добиле инфаркт, чувствувале рани предзнаци пред нивното срце да запре, предупредуваат научниците од Институтот по кардиологија во Њујорк.

56% од мажите на средна возраст, кои се соочиле со инфаркт откриле дека околу 1 месец порано пред да се случи истиот, ги почувствувале знаците при организамот.

30% имале проблеми со дишењето, а 4% од нив се пожалиле на вртоглавица и зашеметеност, додека 50% од пациентите чувствувале болка во градите.

Специјалистите советуваат дека секогаш треба да обратиме внимание на сигналите кои ни ги дава нашето тело, да ги разликуваме и распознаеме знаците и да преземете соодветни мерки, пред да настапи многу посериозна состојба.