Инфекција на кожата: Најдобрите домашни третмани и кога да посетите лекар
Габите живеат насекаде. Тие можат да се најдат во растенијата, почвата, па дури и на вашата кожа. Овие микроскопски организми на вашата кожа обично не предизвикуваат никаков проблем, освен ако не се размножуваат побрзо од нормалното или да навлезат во вашата кожа преку расекотина или лезија (оштетување или абнормална промена при ткивата).
Најчести причини за инфекција на кожата и нивни симптоми
-
- Дерматофитоза (Тинеа корпорис): Предизвикани од габи наречени дерматофити. Најчесто се јавува на трупот и екстремитетите. Се манифестира со црвен осип во форма на круг со поткренати рабови, кој најчесто се проширува и предизвикува чешање.
- Атлетско стапало (Тинеа педис): Габична инфекција која влијае врз кожата на стапалата, најчесто меѓу прстите. Се манифестира со чешање, чувство на печење, прободувачко чувство меѓу прстите и на петите, испукана кожа со меурчиња. Може да се прошири на препоните и рацете и ноктите.
- Тинеа крурис: Инфекција која настанува во пределот на препоните и бутовите. Главниот симптом е црвен осип кој започнува од пределот на препоните и на горниот внатрешен дел од бутовите. Кожата изгледа испукана и со лушпи. Може да се влоши по вежбање, проширувајќи се на стомакот и задникот и добивајќи потемна боја.
- Дерматофитоза на скалпот: Инфекција која влијае на кожата на скалпот. Се манифестира со лушпести и црвени локализирани ќелави предели, болка и чешање на склапот.
- Тинеа версиколор: Позната и како питиријаза версиколор е габична-квасна инфекција на кожата што предизвикува развој на мали овални безбојни дамки на кожата, најчесто на грбот, градите и надлактиците. Може да изгледаат посветло или потемно од остатокот од вашата кожа и можат да бидат црвени, розови и кафеави боја. Дамките може да бидат со лушпеста површина и да чешаат.
- Кожна кандидијаза: Инфекција на кожата предизвикана од габите Кандида. Се манифестира со црвен осип, чешање и мали црвени пустули на места на кожата кои се најчесто влажни, како областа под градите, меѓу задникот.
- Онихомикозата: Габична инфекција на ноктите. Може да влијае на ноктите на рацете или нозете, иако инфекциите на ноктите на нозете се почести. Се манифестира со безбојни, обично жолти, кафеави или бели нокти, кои се кршливи или лесно се кршат, а притоа може да бидат и здебелени.
Како да ја третирате инфекцијата на кожата во домашни услови
Консумирајте јогиру и пробиотици, кои се богати со добри бактерии што ќе ви помогнат да избегнете појава на многу разни габичпни инфекции. Одржувајте ја вашата хигиена и мијте ја инфекцијата често со сапун и вода. Како најдобри домашни третмани се препорачуваат и користењето на јаболков оцет, масло од чајно дрво, кокосово масло, алое вера, куркума и лук.
Кога да посетите лекар?
Многу видови на габични инфекции на кожата на крајот се подобруваат како резултат на соодетните домашни третмани со природни средства или лекарства од аптека. Сепак, јавете се кај вашиот лекар ако:
- Имате габична инфекција на кожата која не се подобрува, се влошува или се враќа по домашниот или лекарски третман
- Забележете дамки на склапоит, при што на лоцираното место нема коса и воедно е дамката е пропратена со лушпеста кожа и чешање.
- Имате ослабен имунолошки систем и се сомневате на габична инфекција
- Имате дијабетес и мислите дека имате атлетско стапало или онихомикоза