Инфекција на нокт: 4-те најчести видови и како да ја третирате во домашни услови
Габични инфекции можат да се појават на кој било дел од телото, а кога габата почнува да расте премногу, може да се развие инфекција. Габична инфекција на ноктите се јавува од прекумерен раст на габи во, под или на ноктите. Габите напредуваат во топли и влажни средини.
Најчести причини за инфекција на нокт и нивни симптоми
- Дисталните субјунгуални инфекции: Најчестиот вид на габична инфекција на ноктите и можат да се развијат и на ноктите на рацете и на нозете. Кога е заразен, надворешниот раб на ноктот има нерамен изглед со бели и / или жолти ленти низ ноктот.
- Бели површни инфекции: Обично влијаат на ноктите на нозете. Одреден вид на габа ги напаѓа горните слоеви на ноктите и создава добро дефинирани бели дамки на ноктот. На крајот, овие бели дамки го покриваат целиот нокт, кој станува груб, мек и подложен на распаѓање.
- Проксималните субјунгвални инфекции: Се невообичаени, но можат да влијаат и на ноктите на рацете и на нозете. Се појавуваат жолти дамки на основата на ноктот бидејќи инфекцијата се шири нагоре.
- Кандида: Инфекција која може да ги нападне ноктите претходно оштетени од претходна инфекција или повреда. Почесто, кандидата влијае на ноктите на рацете. Често се јавува кај луѓе кои често ги потопуваат рацете во вода.
Како да ја третирате инфекцијата на ноктот во домашни услови
При габична инфекција на нокт, во домашни услови се препорачува да користите масло од чајно дрво, масло од оригано, маслиново масло, оцет и листерин. Воедно, најдобриот начин како да ја спречите појавата на инфекција на ноктот е секогаш добро да ги исушите рацете и нозете по нивно миење, да ја одржувате нивната хигиена, редовно да практикувате правење маникир и педикир и поретко да користите лак и вештачки нокти.
Кога да посетите лекар?
Секогаш кога ќе забележите дека вашиот нокт или нокти на рацете или нозете се инфицирани, а лекувањето со домашните третмани воопшто не помага, тогаш неопходно е да посетите лекар.