Инфекција на препоните: 8 причини и 7-те најдобри домашни третмани за истите
Чешањето во пределот на препоните може да биде чувствителна тема за која повеќето би се чувствувале непријатно да разговараат со било кој, па дури вклучително и со нивниот лекар. Но, тоа не е ништо од што треба да се чувствувате засрамени. Проблемот е вообичаен и не мора да значи дека имате сексуално пренослива инфекција.
Најчести причини за инфекција на препоните и нивни симптоми
- Тинеа крурис: Инфекција која настанува од габа, а најчесто се јавува кај спортисти бидејќи габата напредува на топла, влажна кожа, покриена со цврсто облечена облека. Се манифестира со црвен, лупест осип со чешање кој се развива на гениталиите, внатрешните делови на бутовите и задникот.
- Кандидијаза: Инфекција предизвикана од квасни габи, најчесто како резултат на носење тесна облека. Се манифестира со густ вагинален исцедок, чувство на печење и чешање.
- Алергиска реакција или иритација: Хигиенските производи за жените, спрејовите за тело, миризливи влажни марамчиња и слично може лесно да предизвикаат ваква појава.
- Псоријаза: Mоже да се развие во пределот на гениталиите, појавувајќи се на пенисот, скротумот, вулвата, анусот, задникот и горните делови од бутовите. Се манифестира со чувство на болка и чешање (понекогаш интензивно) на засегнатата област.
- Лихен планус: Може да предизвика осип на мали, испакнатини на кожата. Кога се развива во пределот на гениталиите, честопати предизвикува црвени облици кои интензивно чешаат. Може да се развие на вагината, вулвата, пенисот и анусот.
- Лишален склерозус: Mоже да предизвика бели, задебелени дамки што се развиваат на женските гениталии, анусот и пенисот. Дамите може да бидат болни пропратени со чувство на чешање.
- Пин црви: Инфекцијата предизвикана од паразитските пин црви се манифестира со интензивно чешање кое се развива на анусот.
- Рак на кожата: Може да се развие на вулвата, пенисот, скротумот, областа меѓу скротумот (или вагината) и анусот, анусот. Еден од најзначајните симптоми е чешањето кое не поминува. Други симптоми се болка, појава на грутка во засегнатите предели, крварње или исцедок.
Како да ја третирате инфекцијата на препоните во домашни услови
- Тинеа крурис: Одржувајте ја сува засегнатата област, како и нејзината хигиена со редовно миење со обичен сапун и вода. Често менувајте ја облеката и избегнувајте вежбање.
- Кандидијаза: Користете јогурт, борска киселина, есенцијално масло од оригано, од чајно дрво и кокосово масло, лук, јаболков оцет и пробиотици.
- Алергиска реакција или иритација: Избегнувајте ја употребата на производите кои ги предизвикуваат и на кои се чувствителни.
- Псоријаза: Практикувајте солени купки, употреба на куркума, алое вера, користете навлажнувач на воздухот, одржувајте умерена телесна тежина и намалете го нивото на стрес.
- Лихен планус: Користете ладни облоги на засегнатото место и купка приготвена со растворена овесна каша.
- Лишален склерозус: Внимателно мијте ја засегнатата област секој ден, користете ладни облоги и нанесувајте лубрикант.
- Пин црви: Нанесете кокосово масло на засегнатата област и во ниту еден случај не се чешајте, особено не со голи раце, бидејќи во спротивно инфекцијата може да навлезе под вашите нокти и да ја пренесете и на други површини, доколку не ги измиете рацете.
Кога да посетите лекар?
Ако се сомневате дека имате рак на кожата во пределот на гениталиите, веднаш посетете лекар. Навременото детектирање не само што ќе ве ослободи од чешањето, туку и ќе ви го спаси животот. Доколку забележите било кои од горенаведените симптоми, а истите не поминуваат со домашен третман, тогаш неопходно е да посетите лекар за точна дијагноза и правилен третман.